![policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/policija.webp?resize=696%2C391&ssl=1)
Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Несреќата се случила кај месноста Манасовско Маало атар на село Драмче и во неа учествувале патничко возило ауди и товарно возило Мерцедес со каменички регистерски таблички.
На лице место на несреќата се наоѓа екипа на Итната медицинска помош и полицијата, а според првични информации нема потешко повредени лица.
Повеќе информации за должината на прекинот во сообраќајот и причините за несреќата, надлежните најавија во текот на денот.