Во прекин е сообраќајот на патот Кочани-Виница поради сообраќајка

Од 13.30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани-Виница кај хотел „Филипо“ поради случена сообраќајна незгода, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.