![20240120181123_big_730x400_36](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/20240120181123_big_730x400_36.webp?resize=696%2C522&ssl=1)
Поради наноси од снег, од 07 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ
Сообраќајот кон Пониква се одвива непречено по една коловозна лента, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните кои протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.