Еден мигрант е убиен а уште шест се тешко повредени во оружена пресметка на нелегални мигранти во населбата Макови Седмица во предградие на Суботица во северната српска покраина Војводина, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).
Повредените мигранти, меѓу кои и 16-годишна девојка чиј живот е загрозен, се примени во болницата во Суботица.
Полицијата, единиците на жандармеријата на српското министерство за внатрешни работи и екипи на итната медицинска помош излегле на местото на пресметката, а полицијата ги блокирала приодите кон шумата во којашто се одиграл судирот меѓу мигрантите.
Полицијата во саботата утрото добила дојава од локални жителите дека се слушаат истрели во шумата кај Макова Седмица, по што силни полициски единици излегла на посочената локација и ги нашле повредените, па е повикана итната помош.
Челникот на локалната месна заедница Мирсад Налиќ изјавил дека во пресметката учествувале мигранти од Авганистан, од едната, и од Пакистан, на спротивната страна.
„Со денови, од мугри до квечерина, такси возила со сомборски таблички минуваат од тука и ги носат во шумата. Полицијата интервенира, но тие по еден час повторно се враќаат“, изјавил Налиќ.
Во општата болница во Суботица згрижени се повредените со истрели од огнено оружје, а во најтешка состојба е 16-годишна девојка за кој живот се борат лекарите.