Во пресметката на Бит пазар ранети три лица, едно е малолетно

Во петокот во околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на Поликлиниката Бит пазар во Скопје,  информираат од МВР.

Непосредно потоа од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека за лекарска помош се пренесени 20-годишниот А.Б. со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б, на 23 години, со повреди од тврди предмети.

Во болница е донесен и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во претходните медиумски информации за истиот инцидент, по изјави од очевидци, беше наведено дека во пресметката на две групи во близина на подрачјето на скопски Бит пазар било користено огнено оружје, како и дека неколку повредени лица биле пренесени во болница.