Во саботата, околу 18,30 часот на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на Тумчевишка клучка, патничко возило „фолксваген голф “со италијанска национална ознака, управувано од 50-годишниот Н.Р. од гостиварското село Неготино, изгубило контрола и се превртело на коловозот.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот В.А. со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.