Во Прилеп и Битола првите бебиња се женски, во Куманово машко

Првороденото бебе во Прилеп во 2016 година е девојче. Бебето е родено во 04.40 минути на одделението за гинекологија во градската болница „Борка Талески“.

Првото бебе во 2016 година во Прилеп е девојче
Првото бебе во 2016 година во Прилеп е девојче

Прилепчанката од ромската населба Тризла, Сабрије Синаноска стана мајка на што е особено задоволна и среќна.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ги посети мајката и новороденчето им врачи пригодни подароци и им посака радост, здравје и среќа.

Првото бебе во Куманово е машко

Првото бебе во Куманово во 2016 година е машко, родено 35 минути по полноќ во кумановската болница. Тоа е прво дете во семејството Ѓорѓевиќ од кумановското село Речица. И мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба, пренесува МИА.

Прво бебе ни е во семејството, се уште нема име. Чекаме кумот да ни го каже, изјави, 27 – годишната мајка, Марија Ѓорѓевиќ.

Новороденчето доби пригодни подароци од локалната власт и од Општата болница. Здравје, среќа и успех на новороденчето и мајката, како и на сите граѓани од име на општината им поска секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска

Ова е единственото бебе кое е родено во новогодишната ноќ во Куманово. Бебето е тешко 2,990 килограми и долго 50 сантиметри.