Во Прилеп стражар на рудник пронајден мртов

Вчера во 06:43 часот во СВР Битола, В.Д. вработен во рудник во Прилеп пријавил дека М.Т.(63) од с.Беловодица, вработен како стражар во рудникот, бил пронајден починат под своето патничко моторно возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки.

Увид на лице место бил извршен од јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.