Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случи во близина на Прилеп. Несреќата се случила во 5.20 часот, на железнички премин, во близина на меѓуградската автобуска станица.
Патнички воз удри во возило „ауди“ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места.
Во обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се полесно повредени, а двајца потешко се повредени.
По извршено алкотестирање на возачите не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Истрагата сега е насочена да се открие причината за оваа железничката несреќа.