Почна изградбата на игралиштето во населба Калниште кое, освен за футсал и кошарка, ќе се користи и за други намени.
Според градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, игралиштето ќе биде осветлено, а предвидена е и изградба на пешачка патека околу него, како и трибина на западната страна.
„Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и општина Пробиштип. Вкупниот буџет изнесува 10.615.000 денари“, вели Анастасов.
Ова е првата фаза од проектот, додека со втората се планира изведба на фитнес зона за возрасни, детска зона со реквизити и зона за релаксација.