ВИДЕО| Во првите денови од офанзивата Украина загуби неколку „леопарди“ и 16 „бредли“

Украинската армија во започнатата контраофанзива при нападот јужно од Мала Токмачка изгуби најмалку пет специјализирани возила.

Во изминатите неколку дена украинската армија изгуби 16 американски оклопни возила „Bradly.

„Тоа што се изгубени неколку специјализирани возила не значи дека нападот врз руските позиции кај Мала Токмачка не успеал. Барем за некое време. Фронтален напад на непријателските утврдувања, односно пробивање на одбранбените линии, е една од најтешките и потенцијално најскапите операции на копнената војна“, објави Форбс.

Претходно, украинската армија за само една седмциа изгубила  три од шесте тенкови „Leopard 2“ од финско производство, како и  специјализирано возило ИМР-2 од советски тип и поранешен германски „Bergepantzer“.

Како што објави во саботата руското Министерство за одбрана, во претходните 24 часа, украинската војска во нападите на два правца во Доњецк и Запорожје загубила 300 војници, девет тенкови од кои четири од германските „Leopard 2“, 11 борбени пешадиски возила од кои пет американски „Bradley“, 14 борбени околопни возила, шест други воени возила и самооден артилтериски систем „Caesar“ од француско производство.