Во првите три месеци со автобуси превезени околу 13 милиони патници

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првите три месеци од годинава изнесува 12 995 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 24.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 34.6 %, во приградскиот превоз за 12.1 %, во меѓуградскиот превоз за 15.8 %, а во меѓународниот превоз за 37.6 %.

Во првото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 9.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 8.1 %, во приградскиот превоз е намален за 0.2 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 22.5 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 7.6 %.