Во пукањето во Филаделфија ранети двајца полицајци

Двајца полицајци од Филаделфија се ранети додека илјадници луѓе следеле концерт по повод американскиот Ден на независноста 4-ти јули и огнометот на „Бенџамин Френклин Парквеј“, а публиката во паника се разбегала по пукањето, соопштија локалните власти.

Пукањето се случило неколку часа откако вооружен од покрив отвори оган врз семејствата со деца кои возеле велосипеди на парадата по повод Денот на независноста во Хајленад Парк, предградие на Чикаго, каде беа убиени шести лица, а повеќе од 36 беа ранети.

Двајца полицајци во Филаделфија е во стабилна состојба по здобивањето повреди кои не се опасни по живот, пренесе локалниот телевизиски канал CBS3 Philadelphia, повикувајќи се на градската полиција.

Според телевизискиот канал NBC10, куршум го закачил едниот полицаец во главата, а другиот имал прострелна рана во десното раме.

Полиција трага по напаѓачот. Снимките во локалните медиуми прикажуваат луѓе како бегаат на локацијата откако се слушаат истрели.

Пукањето се случило доцна во понеделникот по локално време во близина на Музејот на уметностите во Филаделфија, последниот ден од фестивалот кој е многу посетен.

„Не слушнав истрели, но полицајците рекоа ‘Бегајте, бегајте, бегајте“, изјавила една жена.