Граѓаните на Радовиш на референдум ќе одлучуваат дали сакаат да се населат мигранти во нивниот град. Советниците на СДСМ не гласаа ЗА граѓаните сами да одлучуваат дали мигрантите да се населат во Радовиш.
На седницата на Советот присутни беа 17 од 19 советници, од кои 9 гласаа ЗА да се одржи референдум, сите од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека 8 беа воздржани.
Претседателот на Советот Никола Миовски кажа дека ако сите тие не се спремни да прифатат мигранти, иако како што кажа сите се хумани луѓе, ама се плашат за себе и за нивните граѓани.
„Не сме во состојба, немаме капацитет да прифатиме можни бегалци, нивно вдомување и се тоа што следува. Без разлика од чија стратегија дали е тоа од Владата на ВМРО-ДПМНЕ или од таа на СДСМ, не гледам никаква причина на референдум, на граѓаните да им ја дадеме таа можност и јасно да ставиме на знаење до било која политичка гарнитура која спроведува било какви стратегии, дали во Радовиш може да размислување за населување на мигранти“, изјави Миовски.
Инаку, советниците на СДСМ жестоко се спротиставуваа да има референдум и граѓаните директно да кажат дали сакаат да има мигранти во нивните градови.