Во Радовиш од утре се затвора Градскиот пазар

Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш одлучи Градскиот пазар од утре да се затвори заради спречување на ширењето на коронавирусот, информираше градоначалникот Герасим Конзулов.

– Покрај тоа, донесовме одлука за набавка на четири пумпи за дезинфекција на улици, јавни површини, детски игралишта и урбана опрема, како и набавка на дезинфекциски и заштитни средства за колективна и лична употреба, додаде  Конзулов.

Изминатите денови е извршена и дезинфекција на влезови и скалите во повеќе колективни станбени објекти во Радовиш, а мобилни тимови од Црвениот крст-Радовиш заедно со лица од Општината, во соработка со Центарот за социјални работи, им доставија пакети со неопходни прехранбени и хигиенско-дезинфекциски средства на ранливи категории лица кои се во изолација.