Во ракетен напад во Украина четири жртви, Киев продолжува со бомбардирањата на Доњецк

Најмалку четри лица загинале а 43 други се ранети при ракетен напад врз зграда во понеделникот утрото во градот Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володомир Зеленски, се наведува во извештајот на украинското Министерство за внатрешни работи, а за жртви известија и проруските власти во градот Доњецк чиј центар кој е секојдневно бомбардиран од украинската армија.

„Русите го погодија градот со две ракети“, од кои една уништи неколку катови на „станбена зграда“ објави министерот Игор Килеменко на Telegram, што е во спротивност со претходните извештаи на украинската војска дека биле погоден „нестанбени објекти“.

Во новата објава рано попладнето Клименко наведува дека во ракетирањето четири лица загинале 43 се рането, додавајќи дека три лица биле спасени а 30 евакуриани. Меѓу загинатите е и десетгодишно дете тврди украинскиот гувернер на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак.

Втор проектил погодил зграда на образовна установа, според украинското министерство за внатрешни работи.

„Погодија станбена зграда, зграда на универзитетот, крстосница. За жал, има мртви и повредени. Можеби има луѓе под урнатините“, коментираше украинскиот претседател Володомир Зеленски на Facebook, осудувајќи го „рускиот тероризам“.

Но засега, како и во случајот со храмот во Одеса и во Киев и други градови, нема потврда дали станува збор за директни удари од руски проектили или како што подоцна беше утврдено штети предизвикани од соборени проектили или од делови од ракетите истрелани од украинската противвоздушна одбрана.

Зеленски е роден и живееше во Кривј Рог, познат по производството на челик кој до пред војната броел 600.000 жители. „Овој терот нема да не заплаши, ниту да не скрши. Ние работиме и ги спасуваме нашите луѓе“, објави Зеленски во друга објава на Telegram.

Истовремено за цивилни жртви во понеделникот напалдне објавија и проруските власти од градот Доњецк, центар на истоимениот доминантно руски регион, кој до пред превратот во Киев од 2014-та имаше над два милиона жители а во моментов под милион жители.

„Претпладневно украинските сили го бомбардираа повторно центарот на Доњецк, Погден е автобус, две лица загинаа а шест се ранети“, пишува водачот на властите во самопрогласената Доњецка република, Денси Пушилин.

Според него, во бомбардирањето изведено со повеќе од 30 различни проектили и ракети, во станбена населба во градот Доњец загинале уште две лица а уште десет биле ранети.

Градот Доњец беше честа цел на украинските ракетирања по превратот од 2014 година, а секојдневно е рактетирани по почетокот на руската инвазија во февраури 2022 година. Примарна цел на проруските и руските сили беше затоа да ги одбија украинските единици надвор од дострелот на градот, но во меѓувреме Киев од западните сојузници доби ракетни системи со долг дострел со кој ги продолжи ракетирањата на градот Доњецк.

Во Доњецката област од почетокот на украинската граѓанска војна во 2014-та и потоа со руско-украинската војна досега загинале повеќе од 9.000 луѓе, од кои повеќе од 3.500 по 24-ти февраури 2022-ра. Повеќе од половината од тие жртви во Доњецк се цивили, според прориските власти.