Во Рашче нападнат малолетник, таткото ја земал правдата во свои раце – двајца со убодни повреди

Две лица со остар предмет нападнале малолетно момче од село Рашче и му нанеле повреда на раката, а половина час после тоа и 26 годишникот пријавил физички напат од таткото на малолетникот.

-На 27.06.2021 во 16.30 часот во Полициското одделение Сарај. 43-годишниот Ф.Р. од селото Рашче пријавил дека околу 13.50 часот во село Рашче неговиот малолетен син, поради меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од 26-годишниот Ш.З. и 20-годишниот М.Б., двајцата од село Копаница, при што Ш.З. употребил и остар предмет и му нанел повреда на раката.

Околу 17.00 часот, Ш.З. пријавил дека во селото Рашче бил физички нападнат од Ф.Р., кој со употреба на остар предмет му нанел повреда.