Во Ресен приведен маж за предизвикување пожар

Полицајци од СВР Битола-ОВР Ресен го привеле К.С. од село Лева Река, ресенско под сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, информира МВР.

Вчера полицијат го лиши од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.