Во Рим истовремено два протеста против носењето маски

Два протеста на противниците на носењето заштитни маски како мерки против епидемијата на коронавирусот се одржаа истовремено во саботата во италијанската престолнина Рим, при што според медиумите на првиот имало и повеќе стотици неофашисти, а на другиот околу илјада луѓе од различни општествени слоеви.

Приврзаниците, кои медиумите ги опишуваат како прирвзаници на теориите на заговорот и противници на вакцинирањето, се собраа на големиот плоштад Сан Џовани во центарот на Рим на настанот под мотото „Поворка на ослободувањето“,

„Сѐ уште немаме протокол за лекување на болеста. Се работи на брза рака, секоја регионална власт импровизира“, бидејќи секој од дваесеттината италијански региони самостојно одлучува во сферата на здравството, изјавил за AFP TV, Фабрицио Крисчи, кој на протестот дошол од Казерта, на италијанскиот југ.

„Секако дека вирусот е тука, но од политичко и од филозофско гледиште тие (владата) претеруваат“, оценува Џулио Леси, а Паоло Дале Луче „сака да пружи отпор на мерките кои ги носи оваа влада“.

Италијанската влада се реши носењето маски да биде задолжително на сите места надвор од домовите и ја продолжи вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот до 31-ви јануари. Во земјата од почетокот на епидемијата од февраури досега починаа повеќе од 36.000 лица а потврдени се околу 350.000 случаи на зараза.

„Не сум негатор, тука сум бидејќи не сакам диктатура“, пишуваше на еден транспарент. На другите, пак, можеа да се прочитаат пораките „Запрете ја 5G“, „Италегзит“ и „Во Трамп веруваме“, алудирајќи на тоа дека американскиот претседател е познат по неговото сомневање во ефикасноста од носењето маски токму во сите прилики.

На вториот протестен собир, чијшто организатор била малата неофашистичка крајно десна група Форца Нуова, се собраа повеќе стотина луѓе на друг помал плоштад во центарот на Рим.

„Маска е симбол на подложност (…) Убија (властите) 35.000 луѓе, а воопшто не направија ниедна обдукција“, изјавил еден од демонстрантите на овој собир за медиумите.

Во Рим уште на почетокот од септември се одржа сличен собир на кој учестуваат неколку илјади луѓе кои се противници на носењето маски и на задолжителното вакцинирање на децата од училишна возраст.