Во Рим уапсени лидери на екстремната десница по антиваксерски безредија

Roma, 10 ottobre 2021. ANSA/MASSIMO PERCOSSI

Италијанската полиција објави во неделата дека уапсила 12 лица, вклучиетлно и лидерите на екстрмената десна партија Forza Nuova (FN) по безредијата во Рим од саботата на протестите против владините мерки според кои здравствената „зелена пропусница“ ќе биде задолжителна за сите работници.

Roma, 10 ottobre 2021.
ANSA/MASSIMO PERCOSSI

Илјадници луѓе излегоа на улиците на италијанската престолнина во саботата спротиставувајќи се на споменатата мерка. Некои од демонстрантите се обидоа да се пробијат покрај полициските кордони распореден и пред кабинетот на премиерот Марио Драги, додека одвоена група упадна во седиштето на големиот синдикат CGIL и ги демолирала канцелариите.

Десетици демонстранти во текот на ноќта кон неделата се обидувале да провалат во одделот за итни интервенции на римската биолница „Поликлиника Умберто Први“, каде што еден од нив бил задржан на лекување. Здравствените работници биле присилени да се забарикадираат, изјави шефот на итната помош Франческо Пуљиезе во неделата.

Полицијата соопшти дека во антиваксерските судири во саботата се повредени 38 полицајци.

Проектот ткн „зелена пропусница“, дигитален или хартиен сертификат кој докажува дека оној што ја поседува примил барем една доза од вакцината или има негативен тест или неодамна оздравел од Covid-19, беше претставен ова лето поради сузбивање на епидемијата и за да се поттикнат Италијанците масовно да се вакцинираат.

Сертификатите во почетокот беа потребни за влегување во клутурните и рекреативни простори, но постепено се ширеше неговата употреба. Владата во септември пропусницата ја направи задолжителна за сите вработени.

Истовремено беше објавена информацијата дека 80 отсто од Италијанците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани против коронавирусот до неделата.

Според системот на „зелените пропусници“ за вработените, кои ја прифатија синдикатите, вработениот кој неам да има легален здравствен сертификат од 15-ти октомври ќе биде суспедниран од работното емсто и неам да добива плата, но не смее да биде отпуштен.

„Тоа беше напад на фрашистички одред и тоа е неприфатливо“, изјави претседателот на синдикатот CGIL, Маурицио Ландини во неделата, обраќајќи им се на приврзаниците пред седиштето на синдикатите во Рим.

Многумина ги осудија безредијата, а меѓу нив и Матео Салвини и Џорџа Мелони, челниците на десничарските партии Лига и Италијански Браќа (FdI).

Емануеле Фиано, адвокат од Демократската партија од левиот центар, изјави дека неговата партија во понеделник ќе поднесе предлог во парламентот за укинување на групациите како што е Forza Nuova, коишто промовираа екстремни неофашистички идеологии.