Во Романија со свирежи изгласана правосудната реформа

Правосудната реформа за којашто опозицијата и Европската унија стравуваат независноста на романските судии, но владејачките социјалдемократи без оглед на острите критики и во земјата и во странство, па и од САД, ја изгласаа во четвртокот во романскиот парламент.

Со протесните свирежи на опозицијата Сенатот, во кој доминира левицата, ја одори реорганиацијата на Врховниот судски совет, последното од трите поглавја на законодавниот пакет за правосудството кој е во центарот на жестокиот спор кој трае од летото.

Претседателот Клаус Јоханис, кој се противи на овие мерки, оцени во средата дека Романија се изложува на санкции од Европската унија, како и Полска, поради „нетранспарентните промени на законот за правосудството“.

Независноста на судиите и борбата против корупцијата се крајно чувствителна тема во Романија, каде што обидот на Социјалдемократската партија (PSD), да го спроведе ублажувањето на опасноста од процеси против пратениците и функционерите, заврши протести кои според масовноста беа најголемите од уривањето на комунизмот во земјата.

Присилени на отстапување, социјалдемократите, го избраа законодавниот пар за наметнување на сложената реформа на правосудниот систем, којашто ја брани со сите средства.