![laboratorija rusija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/laboratorija-rusija.jpg?resize=696%2C459&ssl=1)
Руската Федерална биомедицинската агенција (ФМБА) започна во понеделникот со клинички испитувања на вакцина против коронавирусот, создадена врз нова технолошка платформа, пренесуваат руските медиуми.
Како што е објавено, станува збор за фазата I и II од клиничките испитувања на субединечната рекомбинантна вакцина за заштита од коронавирусна инфекција предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Во новите фази од тестирањето ќе бидат опфатени 200 лица на возраст меѓу 18 и 60 години.
Според регистарот на одобренија за кличнички испитувања, тие ќе бидат спроведени во две институции лоцирани во Санкт Петербург, во Центарот за научни истражувања „Еко-безбедност“ и во Институтот за истражува на грипот „А.А. Смородинцев“ на руското министерство за здравство.
Новата потенцијална вакцина против Covid-19 е создадена врз нова технолошка платформа која не била користена кај претходните слични препарати, кои се главно направени врз веќе добропознатите платформи. Вакцината ја развиле во Научниот институт за истражувања вакцини и серуми во Санкт Петербург при ФМБА на Русија, а е дизајнирана врз нова технолошка платформа, и првенствено е насочена кон развивање на клеточниот имунитет и дејствува против ткн конзервативни протеини на вирусот, кои се најмалку подложни на мутации.
Во јуни годинава успешно биле завршени претклиничките истражувања за овој препарат за имунизација, чии резултати да докажале нејзината безбедност, имуногеност и заштитна ефикасност.
Во моментов во Русија, каде е слабо одѕивот на граѓаните на апелите за вакцинирање кое инаку не е задолжително, се користат четири вакцини против Covid-19. Тоа се „Спутник V“ развиена од истражувачкиот центар „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија, „ЕпиВакКорона“ (развиена од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија), „КовиВак“ (развиена од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати именуван по Чумаков од Руската академија на науките), како и „Спутник лајт“. Последната, исто така, се препорачува за ревакцинација или трета доза.