Во Русија минале 40.000 бегалци од источна Украина

Властите на руските области кои граничат со источните украински области населени доминатно со руско и рускојазично население примиле 40.000 цивили кои стравуваат од напад на силите под контрола на Киев врз самопрогласените „народни републики“ во Донецк и во Луганск.

Како што пренесува новинската агенција ТАСС, министерот за цивилна одбрана Александр Чупријан изјавил дека 40.000 бегалци стасале во јужната руска област Ростов и дека се сместени во 92 засолништа за итни состојби.

Главно станува збор за деца меѓу три и 18 години, деца со придружба на возрасни, жени и постари лица, се наведува во инфроамцијата.

Лидерите на одметнатите проруски региони по превратот во Киев во март 2014 година, во петокот прогласија евакуација на цивилното население на Донбас, предупредувајќи за подготовка на украинската војска за офанзива.

Иако украинските челници тврдат дека не планираат офанзива врз Донбас, токму зголемувањето на силите на линијата на раздвојување од ланскиот декември и носењето тешко вооружување во областа што е забрането со Минскиот договор за прекин на огнот од 2015 година, беше изговрот на Русија да распореди значителни единции во близина на Украина, а на што рагираше Западот и ескалираа тензиите.