4.8 C
Skopje
петок, ноември 22, 2024

Во Русија почнуваат тридневни избори за државната Дума

Во Русија денеска се одржуваат избори за Думата, Долниот дом на рускиот Парламент.

Гласачките места први беа отворени во 8 часот утринава во регионот Камчатка и Чукотската автономна област (синоќа, во 23 часот по московско време).

Пратениците за Долниот дом на парламентот се избираат со мандат од пет години според мешан изборен систем: половината од членовите на Думата, 225, ќе бидат избрани од партиските листи, а другата половина ќе бидат избрани од граѓани во 225 изборни единици, јави Тасс.

Шефицата на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова, потврди дека повеќе од 4.400 изборни кампањи на различни нивоа се одржале во текот на еден изборен ден во сите 85 руски региони и дека покрај изборите за Думата, паралелно ќе се одржат и локалните избори во 46 руски региони.

Според официјалните лица задолжени за изборниот процес во Русија, ќе бидат отворени дури 96.000 избирачки места, а руските државјани кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 144 земји каде што ќе бидат отворени вкупно 348 избирачки места, плус уште седум избирачки места што ќе се отворат.во Бајконур, во Казахстан.

Изборната кампања ја одбележа жестока конкуренција на сите нивоа, а на изборите учествуваат вкупно 23 партии со 74.000 кандидати за различни позиции.

Гласачките места низ целата земја се отвораат во 8 часот по локално време денеска, 17 септември, и ќе се затворат во 8 часот на 19 септември, а вкупно околу 880.000 луѓе ќе бидат ангажирани во работата на изборните комисии.