Руската полиција привела околу 200 лица на собир на лица кои се претставуваат како независни и опозициски политичари во Москва, поради тоа што се финансирани од „непожелна организација“, јавуваат медиумите.
Форумот, чие одржување во саботата и неделата, е претставено како собир на општонски претставници од целата земја, изјави за радиото Ехото на Москва, Андреј Пивоваров, организатори и извршен директор на Отворена Русија, група чие седиште е во Велика Британија која ја основа поранешниот енергетски олигарх од времето на разграбувањето на остатоците од Советскиот сојуз, Михаил Ходорковски. Хордаковски кој во Русија беше осуден на долгогодишен затвор поради перење пари и деловни махинации со британски инфестициски фонд, беше ослободен со указ на претседателот Владимир Путин по инсистирањето во прв ред на германските политичари.
Полицијата влегла во зградата на одржување на форумот и започнала да ги изнесува учесниците во полициските комбиња кои чекале надвор, под образложение дека „голем број од учесниците немале заштитна опрема“ во текот на епидемиолошката криза во земјата. Исто така, се наведува дека меѓу нив имало и „членови на организацијата чиешто активности не се пожелни на руска територија“.
Активистичката организација ОВД-Инфо, која ги следи притварањата на политички дејци и активисти во Русија, објави список со 170 приведен.
„Финалето на форумот беше многу симбилично: претставниците во полициски комбиња и маскирана полиција која им ги ‘врти рацете’. Но никој не ни вети слобода на сребрен послужавник. Русија сепак ќе биде слободна“, објави опозиционерит Илја Јашин.
Отворена Русија е една од околу 30 групации кои според законот од 2015 година, поради финасирање од странство откако нема да се регистрираат како „странски агенти“ кои тоа мора да го истакнат и транспарентно да објавуваат од каде и колку земале средства. А некои од нив поради содржината на активностите и објавите се прогласен за „непожелни“ организации кои може да претставуваат ризик за националната безбедност со странско мешање.