
Во Русија во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број на новоинфицирани со коронавирусот – 29.350, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 2.777.727.
Во истиот период починале уште 493 лица и вкупната бројка се искачи на 51.351 сметен случај.
Од последниот пресек закрепнале 19.705, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Русија достигна 2.295.362.