Во Русија регистриран најголем број на новозаразени и смртни случаи за еден ден

Во Русија во изминатите 24 часа забележан е рекорден број на новозаболени лица, но и најголем број на смрти случаи во еден ден од последици од Ковид-19.

Бројот на заразени лица со новиот коронавирус се ззголемил за 6.411, со што вкупната цифра изнесува 93.558, со што Русија е на деветто место на најпогодени држави.

Во изминатото деноноќие починаа 72 луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи а 867.