Во Русија досудени пенали колку за цел Мундијал во Бразил

Во првите две кола од првиот круг на Светското првенство во Русија досудени се 13 казна пенали, колку што судиите досудиле на целото Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Во Русија во првите 32 натпревари досуени се 13 казнани удари, додека во Бразил 13 панали беа досудени на 64 меча.

Рекордениот број на пенали беше досуден во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја- 18, но ако во Русија се продолжи со ова темпо до крајот на шампионатот овој рекорд ќе биде соборен. Секако дека зголемениот број на казнани удари е резултат на ВАР технологијата.

Во принцип треба да се забележи дека ФИФА е исклучително задоволна од сегашното ниво на судењето и успешно спроведување на системот на ВАР, што е генерално позитивно прифатено и ценето во нашата фудбалска заедница, рече шефот на канцеларијата на ФИФА за односи со медиумите, Џовани Марти.