Во руско гранатирање погодена важна централа на западот на Украина

Руските ракети погодиле важна термоцентрала во градот Бурштин во западна Украина во средата, изјави регионалната гувернерка што е последниот во бранот ракетирања врз клучната инфраструктура во пресрет на зимата што треба да ги намали во прв ред способностите на украинската војска.

Претседателот Владимир Зеленски, која оваа седмица рече дека се онеспособени 30 отсто од украинските електроцентрали, се сретна во средата со високите функционери за разговора за безбедноста на стратешките објекти и можноста за откажување на енергетскиот систем.

Последниот напад бил насочен врз централата на јаглен во Буршитн во регионот Ивано-Франковск, којашто со струја ги снабдува трите западните региони со пет милиони жители, или 10 отсто од предвоената украинска популација.

„Нашиот регион доживеа ракетен напад денеска. Погодена е термоцентралата во Бурштин, што предизвика пожар“,. Изјави во видеообраќање Светлана Онишчук, гувернерка на регионот Ивано-Франковск.

Додаде дека нема настрадани во нападот во областа којашто е со стотици километри оддалечена од боиштето, која досега релативно беше поштедена во војната. Истиот објект бил погоден од четири ракети на 10-ти октомври, рече гувернерката.

Сергеј Борзов, гувернер на регионот Виница во западна Украина, изјавил дека и во неговиот регион во средата биле цел на руско ракетирање биле енергетските постројки. Рече дека имало „удар“, но не изнесе поединости.

Во Киев градските власти тврдат дека биле соборени неколку проектили. Три лица се повредени во напад во североисточниот регион Чернигов. Воздушната одбрана тврди соборила четири крстосувачки ракети истрелани од руски борбен авиони, како и десет камиказе дронови за кои со тврди дека се ирански.

Иран повторно во средата негираше дека на Русија ѝ испорачал беспилотни летала, како што се тврди на Западот. Според некои извори, Москва на Техеран пред неколку години му ја предал оваа технологија до којашто дошла со индустриска шпионажа, а според други руската индустрија ги произведува според иранска технологија до која е дојдено со своевремено „киднапирање“ на американски дронови во Авганистан.