Во руското гранатирање на Киев најмалку пет жртви, еден проектил близу канцеларијата на Зеленски

Во руското ракетирање на украинската престолнина Киев рано утрото во понеделникот загинале најмалку пет лица а 12 се ранети, а еден проектил паднал близу канцеларијата на претседателот Владимир Зеленски.

Во неколкуте детонации кои го потресоа центарот на Киев, една ракета паднала во областа на кабинетот на украинскиот претседател, објави на Twitter советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко.

Во истата улица се наоѓа и седиштето разузнавачката Служба за безбедност на Украина (СБУ). Но Герашченко известува дека на местото погодени од проектили во раните утрински часови е и детско игралиште.

Полицијата и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објавија дека погодени се згради, вклучително и некои кои се „дел од клучната инфраструктура“ на главниот град.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја објави Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“.

„Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram.

Украинската телевизија јавува дека ракетните удари продолжуваат, а покрај експлозиите во Киев се известува и за ракетирања на Полтава, Ривне, Черкаси, Сима, Житомир, Дњепар, Харков, Лвов, Терноил, Хмелницики, Ивано-Франквоск, главно во западниот и централниот дел на Украина.

За експлозии рано утринава беше известено и во рускиот пограничен град Белгород, наспроти украинскиот доминантно руски град Харков.

„Регистрирана е експлозија во објект од критичната инфраструктура во Лвов. Соодветните служби излегоа на местото на настанот. Поради прекин на електричната енергија, работата на градските термоцентрали е привремено прекината… Работат генератори на неколку пумпни станици за да се врати водоснабдувањето во градот“, напиша на Telegram лвовскиот градоначалник, Ондриј Садовој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека рускиот ракетен напад ширум Украина во понеделникот покажал дека рускиот претседател Владимир Путин е „терорист кој разговара со проектили“.

„Повеќекратни руски ракетни удари врз Украина. Единствената тактика на Путин е терор над мирните украински градови, но тој нема да ја скрши Украина. Ова е и негов одговор на попустливите кои сакаат со него да разговараат за мир: Путин е терорист кој разговара со проектили“, напиша Кулеба на Twitter.

Украинското Министерство за одбрана вети одмазда за руските ракетни напади.

„Има жртви и разорувања. Непријателот ќе биде казнет за болката и смртта нанесени на нашата земја! Ќе се одмаздиме!“, објави министерството на својата Facebook страница.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Ермалк, објави на социјалните мрежи дека руските ракетни напади се „сигнал за цивилизираниот свет“ дека „прашањето на Русија мора да биде решено со сила“.

„Кукаците кои се борат против игралишта, деца и луѓе. Тоа е уште еден сигнал за цивилизираниот свет дека руското прашање мора да се реши со сола“, објави Ермак.

Од сепаратистичките руски југоисточни региони на Украина, пак, објавија дека само во текот на последното деноноќие десетици места во Донбас биле ракетирани од страна на украинските сили и притоа забележани се повеќе од десет загинати цивили, бидејќи според информации од Луганск и Доњецк цели се главно цивилната инфраструктура а не борбените позиции на руските и сепаратистичките сили.