Авионско прскање против комарци ќе се изврши на територијата на Општина Куманово на ден 16.06.2018 година (сабота), информираат од локалната самоуправа.
Како што стои во соопштението, третирањето против комарци ќе се изврши во раните утрински часови.
Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден, стои во дописот од Секторот за информирање при Општина Куманово.