Во сабота евакуирани 6.600 лица од украинските градови

Најмалку 6.623 лица биле евакуирани преку хуманитарните коридори од украинските градови во саботата, извести заменикот на шефот на кабинетот на укранскиот претседател Кирило Тимошенко, пренесува CNN.

Тимошенко изјавил дека 4.128 лица, вклучително 1.172 деца се евакуирани од Мариупол во Запорожје. Во Киевскиот регион 1.820 лица се вакуриани од помалите градови и села и се пренесени во Киев. Во другите делови од Украина, 675 лица се евакуирани од регионот на Луганск, известил Тимошенко.

Овие податоци се однесуваат само за лицата коишто се пријавиле за евакуација преки коридорите на владата во Киев но само кон териториите кои ги контролираат украинските сили. Москва, од друга страна, обвинува дека на лицата кои сакаа да се евакуриаа кон териториите кои се под контрола на милициите на одметнатните источни региони или кон Русија тоа не им се дозволува.

Околу 2.057.114 бегалци минале од Украина во Полска од почетокот на војната до саботата, известија полските погранични служни, пренесува BBC.

Полската погранична полиција на Twitter обајви дека само во саботата границата ја минале 23.300 лица, што претставува зголемување од 2,1 отсто во однос на петокот. Наведуваат дека одреден број бегалци, кои границата ја минале во последните три седмици, веќе ја напуштиле Полска.

Професорот за миграциски истражувања на Универзитетот во Варшава Мачеј Душчек изјавил дека околу 1,1 милиони бегалци и натаму се во Полска. Повеќето останале во големите градови, како Варшава и Краков, каде што градските власти веќе се пожалија дека капацитетите за сместување на бегалците им се пополнети.