Во сабота играме против Унгарија

Ракометарите на Унгарија го освоија третото место во групата Б, што значи дека се првиот наш противник во следната фаза од ЕП во Данска.

Унгарија и Норвешка одиграа нерешено, 26:26, што беше доволно Унгарците да го освојат третото место во групата. Во групата Б првопласирана е Шпанија со три победи, втор е Исланд со една победа еден нерешен резултат и еден пораз, додека Унгарија има скор од еден пораз и два нерешени меча.

Ваквата разврска апсолутно и одговара на Македонија, бидејќи Исланд и Унгарија во следната фаза ќе пренесат по еден бод, откако меѓу себе одиграа нерешено 27:27.

Ваков е редоследот на групата пред стартот на натпреварите од втората фаза:

1. Данска 4
2. Шпанија 4
3. Македонија 2
4. Исланд 1
5. Унгарија 1
6. Австрија 0

18.01.
Македонија – Унгарија

20.01.
Македонија – Исланд

22.01.
Македонија – Шпанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.