За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски. Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе почне во 20:30 часот.
Како дел од богатата културна понуда на Град Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година овие филмски вечери на отворено прераснуваат во омилена активност на голем број граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и ги исполнуваат викендите со дружење и забава.