![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/dozd.jpg?resize=660%2C360&ssl=1)
Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота.
Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.
Како што информираат од УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени целзиусови, а максималната температура ќе биде од 6 до 14 степени.