Поради престојниот верски празник Духовен на 18.06.2016 година (сабота) кај гробиштата Бутел од 07,00 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање на сообраќајот истиот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата.
За излез, како што информираат од МВР, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.
Во останатите денови 17.06.(петок) и 19.06.2016 година (недела) кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат превземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.