Последните скандали ја прелеаа чашата која се полнеше со повеќе случаи во кои пациенти завршиле трагично поради лекарски грешки кои не биле санкционирани. Нашите тела не се „кукли фантоми за вежбање“ на партиските миленици, нашите животи не смеат да зависат од некадарноста на оние кои вршат злостор и поминуваат неказнето бидејќи се заштитени од политиката. Не смееме да дозволиме враќање во средниот век во кој жените од страв ќе се породуваат дома, ќе стравуваат за своето здравје, бидејќи штетниците се заштитени од Филипче и хаотичното здравство, велат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, кои најавуваат протест во сабота во 11 часот пред Министерството за здравство.
-Здравјето на сите граѓани е загарантирано во Устав! Мора да има одговорност, мора да има правда. Ако премолчиме за ова ќе се случуваат уште многу други вакви случаи. Ако не го кренеме гласот, хоророт ќе продолжи, а виновниците ќе поминуваат неказнето. И затоа не смее повеќе да се молчи! Ве повикуваме гласно да се спротиставиме против неправдите на протест во сабота 20-ти март во 11 часот пред Министерството за здравство, затоа што и затоа што неказнивоста значи одобрување. ЗДРАВЈЕТО НЕ Е СТАТИСТИКА, ЖЕНИТЕ ПРОТЕСТИРААТ. Ова е протест за жената и женските права, ова е протест против заштитата на злосторниците, ова е протест против хаосот и трагедиите во здравството и очекуваме поддршка од сите општествени чинители!