Во акциска контрола на полицијата за движење со брзина поголема од дозволената, во саботата на територијата на државата биле казнети 330 возачи.
Од нив, 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.