Израелската армија во неделата ги објави имињата на четворицата војници убиени во Појасот Газа, со што бројот на загинати се искачи на 604 само во шестмесечните копнени борби против милитантите на Хамас.
Во оваа бројка не се вклучени убиените најмалку 318 израелски војниции другиприпадници на изралеските безбедносни воени формации во нападот без преседан на Хамас на 7-ми октомври врз воени бази, населби и градови во Јужен Израел, кога беа убиени речиси 1.200 луѓе а околу 250 други беа земени во заложништво во Појасот Газа.
Четирите командоси биле убиени во саботата во јужниот дел на Газа, се вели во соопштението на војската, по неколкуте седмици со релативно малку израелски жртви.
Хамас објави дека во саботата ги нападнал израелските сили во јужниот град Кан Јунис.