Во САД ја преиспитуваат размената на информации по истекувањето на тајните документи

Американските агенции за национална безбедност преиспитуваат и проверуваат на кој начин ги споделуваат своите најчувствителни доверливи податоци во рамките на американската влада и се обидуваат да ги минимизираат дипломатските поледици од објавувањето на десетиците доверливи документи.

Истражителите настојуваат да утврдат која личност или група била толку способна или мотивирана да ги објави извештаите на американските тајни служби за неколку невралгични светски прашања, како што се војната во Украина, Блискиот исток и Кина, рекол за Reuters еден од тројцата функционери кои зборувале за агенцијата под услов да останат анонимни.

Агенцијата Reuters тврди дека прегледале повеќе од 50 документи кои ги носеле ознаките „тајно“ и „строго доверливо“, кои првпат се појавиле на социјалните платформи Twitter и Telegram во март, а за нив првпат објави минатиот петокот весникот The New York Times.

Во нив се откриваат поединости за загубите, ранливоста, недостатоците и недостатоците на украинската војска, за нејзините подготовки од страна на САД и НАТО за долгонајавуваната противофанзива. Исто така, тие документи содржат и информации за американските сојузници како Израел, Јужна Кореја и Турција. Претходно телевизијата CNN објави дека некои од документите укажуваат дека САД го шпионирале украинскиот претседател Володимир Заленски,

Во Reuters сѐ уште не добиле потврда за автентичноста на документите од независни извори. Но американските функционери рекле дека наводно се чини дека некои документи биле обработени, оние кои се однесуваат на загубите на бојното поле со цел да се потценат руските загуби.

Министерството за правосудство на САД отвори кривична истрага за објавувањето на тие документи на социјалните мрежи, што би требало да сугерира дека станува збор за автентични документи и веродостојни податоци наведени во нив.

Втор американски функционер кој зборувал за Reuters, исто така под услов да остане анонимен, рекол дека Пентагон всушност ја искористил можноста за да провери во колкава мера некои разузнавачки податоци интерно се споделуваа за да се погрижи до нив повеќе да немаат пристап лица на коишто тие повеќе не им се потребни. Тврдел дека тоа повремено се прави во Пентагон и во разузнавачката заедница, но не појаснил што станува со документите коишто се разменуваат со сојузниците.

Сепак, Пентагон продолжува со разгледувањето на начините и постапките со коишто се регулира во колкав опсег се споделуваат некои од најчувствителните тајни податоци кои ги поседуваат САД, додал тој функционер.

Портпаролот на Пентагон, Крис Меахер, на брифингот со новинарите во понеделникот изјави дека се „преземени чекори чијашто цел е да се утврди на кој начин овој тип информации се дистрибуираат и кому“. Додаде и дека министерот за одбрана Лојд Остин првпат бил известен за протекување на документите на 6-ти април, а од 7-ми април на дневна база свикува високо функционери за да разговараат за случајот.

„Пентагон морал да го ограничи пристапот до некои од најчувствителните податоци“, оценил за Reuters првиот неименуван функционер соговорник.

 

Кој стои зад протекувањето

Претходно во понеделникот американски функционери изјавија дека истрагата којашто сѐ уште е во раната фаза не исклучува можност дека проруски елементи се поврзани со истекувањето на документите, што се смета за најсериозниот безбедносен пропуст од 2013 година кога на WikiLeaks беа објавени повеќе од 700.000 доверливи воени, разузнавачки и дипломатски документи од САД.

Во Москва во врска со овој случај се резервирани и, се чини, дека руската страна ја проценува автентичноста и доверливоста на податоците во документите како можно подметнување од страна на САД и НАТО. Американски власти, пак, не ја исклучуваат можноста дека документите се фалсификувани за да ги заведат истражителите или за да се шират лажни информации на штета на САД.

Протекувањето на тајните документи на Пентагон најверојатно се резултат на постапки на едно лице во американскиот врв кое не се согласува со политиките на актуелната американска администрација на претседателот Џо Бајден, оценува поранешниот аналитичар на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Филип Џиралди во разговорот за руската новинска агенција РИА.

„Протекувањето најверојатно дело на едно лице чии ставови се сосема спротивни на моменталните политики на американските власти во сферата на националната безбедност, на пример некаков нов Едвард Сноуден, кои се обидува да ги растајни деталите од политиките во однос на Украина и Русија“, смета Џиралди.

Тој алудира на случајот на поранешниот аналитичар на CIA и на американската Агенција за национална безбедност (NSA), кој во 2013 година прво за британски The Guardian ги разобличи системот на кој САД преки интернет, сателити и електронички уреди собираат информации, прислушуваат и следат стотици илјадници лица низ светот, вклучително и челниците на сојузничките земји. Сноуден откако беше блокиран од Хонгконг преку Москва да прелета во некоја од земјите во Јужна Америка, остана заробен на аеродромот и по повеќе месеци доби виза да остане во Русија каде подоцна доби државјанство и живее и денес.

Според Џиралди, во моментов може само да се претпостави колку време ќе им биде потребно на американските власти да го откријат изворот на објавените доверливи документи, имајќи предвид дека стотици службеници потенцијално би можело да имаат пристап до нив. Истовремено, забележува соговорникот на РИА, Пентагон наложил активирање на „сериозни ресурси“ за откривање на виновникот.

„Познато дека сега ги проучуваат личните досиеја на вработените и го ограничуваат пристапот до идните брифинзи од овој тип. Претпоставувам дека наскоро ќе започнат полиграфски тестирања на можните осомничени“, појаснува поранешниот аналитичар на CIA.

Истовремено Џиралди вели дека тој не е склон во моментов да го преценува значењето на објавените податоци и дека инцидентот може да ги загрози сите конкретни иницијативи на САД, коишто веќе се спроведуваат или сѐ уште се планираат,

„Би било погрешно ова да се смета за сериозно нарушување на безбедноста, ако се земе предвид фактичката штета, која излегува од рамките само на сериозен срам за Пентагон“, заклучува аналитичарот на CIA.