Во САД ја препорачуваат трета доза од вакцината против Covid-19 по осум месеци

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во средата им препорача на граѓанмите кои целосно се вакцинирани против Covid-19 да ја примат и третата доза со цел подобро да се заштитат од делта варијантата на коронаворусот кој брзо се шири низ САД.

„Врз основа на нашата најнова процена, сегашната заштита од тежок тек на болеста, хоспитализирање и смрт би можела да се намали во следните месеци, особено меѓу оние коишто се изложени на поглем ризик или се вакцинирани во раните фази од програмата за имунизација“, соопштија здравствените функционери од администрацијата на Бајден.

„Поради причини, заклучивме дека ќе биде потребна бустер дозата за да се максимизира заштитата од вакцината и да се продолжи нејзиното траење“, додаваат.

Во соопштението се наведува дека здравствените власти препорачуваат бустер дозата да се прими осум месец по аплицирањето на втората доза од вакцината,.

Ваквата опција ќе биде овозможена од 20-ти септември, откако Агенцијата за храна и лекови (FDA) ќе ја оцени ефикасноста и безбедноста од третата доза од вакцините на „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“. Покрај тоа, според властите, бустер дозата ќе им биде потребна и на оние коишто ја примиле вакцината на „Johnson&Johnson“ која се дава во една доза.