Во САД цената на бензинот првпат во историјата надмина 5 долари за галон

Националната просечна цена за галон (3,78 литри) во Соединетите Држави, за прв пат во историјата надмина 5 долари.

Просечната цена сега изнесува рекордни 5,01 долари за галон, што е за 58 центи повеќе од пред еден месец и 1,94 долари повеќе од пред една година.

Се очекува цените да продолжат да растат бидејќи организацијата забележала дека најновите податоци на американската Управа за енергетски информации покажуваат дека домашните резерви на бензин минатата недела паднале за 800.000 барели (95,39 милиони литри), додека побарувачката дневно се зголемила од 8,98 милиони барели на 9,2 милиони.