Бројот на пациентите заразени со новиот коронавирус кои се лекуваат во болниците ширум САД во петокот достигна 90.000, откако речиси се удвои во октомври, но се очекува дека потрошувачката треска за „Црниот петок“ и празничните семејни собирања по повод Денот на благодарноста да поттикнат нов бран на коронаинфекциите.
Стапката на хоспитализации во моментов е на највисокото ниво од почетокот на епидемијата во САД, а некои болници ја надминаа границата на капацитетите и издржливоста на персоналот, а до тоа доаѓа во седмиците по растот на коронаинфекциите ширум земјата.
Здравствените експерти предвидуваат дека бројот на хоспитализираните ќе расте, бидејќи расте и бројот на заболените по Денот на благодарноста, празникот кој Американците традиционално го минуваат во кругоѕ на пошироките семејства и пријателите.
Здравствените авторитети и политичарите апелираа до Американците годинава да се воздржат од таквите собири за Денот на благодарноста и предупредуваат дека ваквите вообичаено повеќедневни групни дружења ќе ја зголемат стапката на пренесување на вирусот во рамките на задниците и веќе загрозениот здравствен систем ќе го турнат на самиот раб од одржливоста.
Ден пред Денот на благодарноста, кој традиционално е еден од најпрометните во годината во САД, повеќе од 1,07 милиони луѓе минале низ американските аеродроми, повеќе од кој и да е друг ден од почетокот на пандемијата, соопшти управата за безбедност во сообраќајот. Речиси 6 милиони Американци патувале авионски од петокот до средата, иако оваа бројка е двојно помала отколку лани во истиот период.
Гувернерните на сојузните држави апелираа до жителите да останат дома и на ткн „Црн петок“, традиционално претпразничниот ден кога Американците буквално ги тресе „потрошувачкате треска“, порачувајќи им наместо во редици и гужвања во продавниците да ги користат онлајн олеснувањата и на тој начин да ги поддржат продавниците кои претрпеа големи загуби во текот на економската криза предизвикана од пандемијата.
„Не заборавајте, прескокнете ги мешаниците и овој Црн петок купувајте од дома. Нашите локални продавници имаат опции за брзо доставување и им е потребна нашата помош“, објави во петокот на социјалниот мрежи гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.
За да се ублажи зимскиот бран на коронавирусот, повеќе од 20 сојузни држави воведоа нови рестриктивни мерки, вклучително и задолжителното носење маски и ограничениот број гости во угостителските локали, рестораните и верските храмови.
Американскиот Врховен суд донсе пресуда против рестриктивните мерки на њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо по прашањето на ограничените капацитети во текот на верските обреди, по поднесоците од Римокатоличката бискупија и од две ортодоксни јудаистички конгрегации.
Куиомо, кој е од Демократската партија, ја отфрли пресудата како „неважна“, велејќи дека таа се однесува на црквите во областите кои не се сметаат за ризични. Меѓутоа, пресудата би можело да има важност за црквите кои во другите сојузни држави би се жалеле на обидите за ограничување на капацитетите при верските обреди.
Претходно седмицава, и градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, исто така од Демократската партија, изјави дека најновите рестрикции при собирите во главниот град на земјата се однесуваат и на верските обреди, како и дека дозволениот број лица за присуство се намалува од 100 на 50 луѓе, со максимална пополнетост на капацитетите до 50 отсто. Засега не е јасно дали овие рестрикции се на сила и по пресудата на Врховниот суд.