Американските конгресмени ќе го прекинат денеска, 22-ри август, годишниот одмор за го разгледаат нацрт-законот на Демократската партија за Поштенската служба на САД (United States Postal Service, USPS), чија цел да се спречат промени во нејзиното функционирање што би можело да влијае врз ноемвриските претседателски избори.
Поради пандемијата на коронавирусот, под инсистирање во прв ред на демократите, САД овозможија гласање на далечина, или во случајов гласање преку пошта, за да се спречат редиците и гужвите на избирачките места. Американската пошта поради изборите и дописното гласање влезе во политичкиот спор во САД. Демократите и новниот претседателски кандидат Џо Бајден поради пандемијата сметаат дека требе да се одвива гласањето преку пошта, сметајќи дека така ќе ги зголеми своите шанси на изборите.
Според истражувањето на јавното мнение на социолошкиот институт Change Research и телевизиската мрежа CNBC, 64 отсто од гласачите на демократите имаат намера да гласаат по пошта, наспроти само 14 отсто од републиканските гласачи, и 36 отсто од поддржувачите на незавосните кандидати.
Републиканскиот претседател Доналд Трамп, пак, од поодамна е против гласањето преку пошта, затоа што според него, освен што ќе биде потребно долго време за пребројување на голем број гласови на овој начин, што би било новина во американскиот изборен ситем, па резултатите може да се чекаат и до јануари, ваквото гласање може да доведе и до изборни измами. Трамп минатата седмица изјави дека се противи на предлогот за парично помагање на поштата или дописното гласање во рамките на пакетот помош на стопанството поради коронавирусот
Но демократите сега имаат забелешки и откако во јуни на чело на USPS беше назначен 63-годишниот бизнисмен Луис Деџој, кој е еден од најголемите донатори во предизборната кампања на Доналд Трамп. Пред да дојде на оваа позиција, Деџој беше вклучен во собирањето финансиски средства за Републиканскиот национален комитет (RNK), и според федералните податоци донирал околу 360.000 долари само во 2020 година за реизборот на актуелниот претседател. Деџој, притоа, е првиот „прв поштар“ во последните речиси две децении кој не бил поштенски функционер од кариера, односно професионално анагажиран во USPS. Според медиумите, пак, тој има големи инвестиции во компании коишто покрај тоа што соработуваат и ѝ конкурираат на USPS. Трамп го опишта Деџој како „голем човек“ и „голем бизнисмен“, а демократите се сомневаат дека поштенскиот функционер ќе му помогне на републиканецот да го саботира гласањето на далечина со одложување на доставување на писмата со гласовите на изборачите.
Обвинувања за поштата
По неговото именување Деџој ги откажа прекувремените ангажирања на стотици илјади вработени во поштата и побара неиздадените пратки да бидет пренесени за друг ден. Исто така, забрани дополнителни патувања за доставување на пошта, го запре вреботувањето нови работници и побара предвремено пензионирање на вработените кои не се членови на синдикатите.
Покрај тоа, Деџој радикално ја промени структурата на самата поштенска институција, заменувајќи или прераспределувајќи речиси дваесетина шефови на поштенските служби, вклучително и двајца топ-менаџери, и истовремео започна откажувањето од машините за сортирање на кореспонденцијата ширум земјата. Овие и другите мерки беа праземени под изговор за намалување на трошоците. Во последните години, американската државна пошта постојано е недоволно финансирана. Само минатата 2019 година, нејзините загуби изнесуваат 9 милијарди долари.
Преземените мерки разултираа со доцнењето на кореспонденцијата и пратките низ целата земја, и предизвика загриженост дека може да има влијание врз изборите кои ќе се одржан на 3-ти ноември. Веќе во јули USPS ги предупреди властите на сојузните држави за ваквиот ризик и побара да се зголеми минималниот период во кој американските гласачи може да го побараат гласачкото ливче од 4 на 15 дена.
Во пресрет на претседателските избори на коишто дури половина од американските избирачи би можело да гласаат преку пошта поради пандемијата на коронавирусот, Американската пошта предупреди некои од сојузните држави дека би требало да осигураат повеќе време за пребројување на таквите гласови. Поштата предупреди најмалку четири сојузни држави – Мичиен, Пенсилванија, Калифорнија и Вашингтон, дека постои „значителен ризик“ дека гласачите нема да имаат доволно време да ги исполнат своите изборни ливчиња и да ги вратат навреме според сегашните државни прописи, коишто им овозможуваат да ги побараат гласачките ливчиња само неколку дена пред изборите. Постои можност дека значителен дел од гласачките ливчиња на изборите на 3-ти ноември би можеле да останат непреброени доколку стасаат предоцна, беше наведено во предупредувањата испратени од USPS.
„Државните и локалните избори функционерите мора да ги сфатат и да ги земат предвид нашите оперативни стандарди и препорачаните временски рокови“, изјави точно пред една седмица портпаролката на поштенската служба, Марта Џонсон.
Американската пошта и претходно предупреди некои сојузни држави дека поради тоа што гласачите може да ги побараат гласачките ливчиња помалку од една седмица пред изборите, нема да има доволно време да бидат испечатени, да бидат испратени по пошта до секој поединечен гласач и тој да го врати.
Во меѓувреме, поради доцнењето на поштенските пратки властите на 20 сојузни држави, меѓу кои Вапингтон, Колорадо, Конеткикат, Илионоис и Мерилнед ја тужеа USPS. Потоа Деџој вети дека до изборите нема да спроведе никакви поштенски реформи со цел да се избегне нивното „влијание врз гласањето“. Како што кажа, работното време на филијалите, како и нивниот број, нема да бидат изменети, а истото го вети и за другите објекти од поштенската инфраструктура.
Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде демократите имаат мнозинство, огорчениот противник на републиканскиот претседател Трамп, ваквата изјава на Деџој ја опиша како „важен, но недоволен прв чекор на патот на запирањето на кампањата на претседателот (на САД) во саботирањето на изборите“.
Каква би била саботажата, што бараат демократите?
Во изминатиот период претседателот Трамп повеќепати се изјаснуваше против гласањето преку пошта, е неодамна за Fox Business изјави дека нема да ги одобри дополнителните плаќања на USPS, кои се неопходни за службата за да се справи со обемот на работата во изборниот период. „Поради високата цена“, Трамп одби да одвои 25 милијарди долари за итното дофинансирање на USPS и 3,5 милијарди долари за осигурување на безбедноста на изборите (спроведени на овој начин). Според Трамп, доколку поштата не располага со овие средства, нема услови за гласање на далечина. Иако Трамп подоцна се согласи да го одобри ова финансирање, но под услов демократите да го поддржат пакетот за помош во услови на кризата предизвикана од пандемијата на коронаворусот, кој го предложија неговите републиканци. Меѓутоа, и покрај отстапките, со своите изјави Трамп само ги засили изразите на наводно сомневање на демократите дека тој намерно се обидува да ги наруши изборите.
Трамп постојано го нарекува гласањето преку пошта одлична можност за масовно фалсификува на изборните резултати, иако некои од спротиставените нему политички коментатори сметаат дека тое не е можно. Главниот проблем, според претседателот, е што крајниот датум на гласањето нема да биде познат, бидејќи писмата со гласачките ливчиња ќе пристигнуваат во различни периоди. Така, според некои предупредувања од круговите блиски на Трамп, може да се случи изборниот резултат да не биде познат до почетокот на јануари. Поради тоа американскиот челник дури предложи и одложување на изборите, но мораше да се откаже од ваквата идеја по острите критики и од политичките опоненти но и од неговите сопартијци. Едноставно, американскиот претседател не може да го откаже или одложи гласањето, за тоа е неопходна одлука на Конгресот.
Сега демократите бараат да се донесе акт со кој законски ќе ѝ се забрани на USPS да изврши какви и да се промени во својата работа и да ја принуди службата да функционира според прописите кои важеле на 1-ви јануари 2020 година. Во истиот документ тие бараат на USPS да ѝ се додале и 25 милијарди долари, неопходни да го спроведе изборниот процес според нивното инсистирање.
Покрај тоа, демократите ги повикаа Луис Деџој и претстедателот на Управниот одбор на USPS, Роберт Данкан, да сведочат пред Комитетот за надзор и реформи, со кој претседаваат тие, во Претставничкиот дом. Од нив бараат да ги објаснат „огромните и опасни оперативни промени во поштенската служба кои ги забавуваат поштенските операции и го загрозуваат интегритетот на изборите“.
Истовремено неколку демократски конгресмени испратија писмо до директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Кристофер Реј, во кое го повикуваат да испита дали постапките на Деџој биле незаконски во смисла на „осведочените докази“ за тоа дека тој „влијаел врз доставувањето на писмата“.
Од својата страна администрацијата на американскиот претседател отфрли каква и да е своја одговорност за работата на поштенската служба и објави дека никој од Белата куќа не наредил намерно одложување на испораките. Шефот на персоналот на Белата куќа, Марк Медоуз, изјави дека може да го „гарантира“ немешањето на претседателот во процесот на изразување на волјата на граѓаните, без разлика тали тоа ќе биде преку пошта или на избирачките места. И наспроти изјавата на Трамп, Медоуз, пак, смета дека дури и без дополнителното финансирање USPS би се справила со зголемениот обем на поштенските пратки.
„Ако нашите пријатели демократи се вознемирени од нешто, тогаш нека се вратат во Вашингтон, каде што во моментов сме претседателот и јас. Да се пдирвижиме и да им ги распределиме на Американците исплатите (за помош во коранкризата), да осигуриме дека малиот бизнис е заштитен, а остовремено ќе го вклучиме во тоа и проектото за финансирањето на поштата“, порача Медоиз непосредно пред дискусијата за нацрт-законот предложен од демократите.