САД во четвртокот забележаа речиси 60.000 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на август.
Според специјализираниот портал за следење на националните податоци за коронавирусот Worldometer, од средата на тестовите на вирусот SARS-CoV-2 позитивни биле примероците на 59.751 лице. Во САД, исто така, во последните 24 часа се регистрирани 1.011 смртни случаи, што е сразмерно стабилна бројка. Така, според овој извор, САД од почетокот на пандемијата регистрирале 8.183.742 случаи на заразата и уште 222.329 смртни случаи како последица на компликации предизвикани од Covid-19.
Според балтиморскиот Институт при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, показателите се нешто пониски. Односно дека во последното деноноќие биле заразени 59.500 лица, а потврдени биле 985 смртни исходи. Според овој извор, така, во САД севкупно се заразени над 7,9 милиони луше со околу 217.000 смртни случаи. Но стручњаците сметаат дека овие показатели се значително повисоки од службените податоци.
Сојузните држави од американскиот Среден запад, меѓу кои се Северна Дакота, Јужна Дакота и Мисури, во последниот период бележат особено голем раст на нови случаи на зараза. Ширењето на инфекциите се премести во руралните средини, за разлика од првата фаза на епидемијата, кога беа зафатени градовите на североистокот од САД, ако Њујорк кој беше американското жариште на Covid-19.
Во текот на летотот особено силно беа зафатени сојузните држави на Југот и Западот. Растот на бројот нови случаи забави кон крејот на летото, но од средината на септември бројот новозаразен повторно започан посилно да расте.