Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови.
Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер.
Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени авионите.
Претходно во САД беа суспендирани сите внатрешни летови поради дефект на Системот за известување за воздушни мисии (НОТАМС), што се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при лет.
Причината за прекинот сè уште не е позната, соопшти Белата куќа.