СAД може да започнат да ги имунизираат првите Американци против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек од понеделник, соопшти министерот за здравство Алекс Азар.
Тој за локалните медиуми посочи дека конечните одлуки се подготвуваат откако стручна комисија ќе препорача да се дозволи вакцината да се аплицира на лица постари од 16 години.
Американската администрација за храна и лекови денеска објави дека го известила фармацевтскиот гигант „Фајзер“ дека ја забрзала постапката за издавање на официјална дозвола за итна употреба на вакцината.
Азар за Еј Би Си изјави дека властите соработуваат со логистичката компанија и дека „можеме да ги вакцинираме луѓето в понеделник, вторник следната недела“.