![koronavirus sport](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-sport.jpeg?resize=696%2C493&ssl=1)
Американскиот Центар за спречување и контрола на болестите (CDC) објави дека сите спорстски настани во Соединетите држави и сите поголеми собири се одложуваат во текот ан следните осум седмици.
„Голебите собирања на луѓе на спортстките натрпевари и другите настани помагаат во ширењето на коронавирусот“, образложија од CDC.
Периодот од осум седмици ќе трае до 8-ми мај, пишува во понеделникот весникот The Los Angeles Times. Овој датум е подонца од предвидувањата во најсилните професионални лиги, како НБА, НХЛ, НФЛ, МСЛ, па кошаркарите и хокеарите ќе мора да избираат меѓу многу скратена сезона или летно доигрување на првенството.
Кога минатата седмица почнаа да ги прекинуваат спортските натпреварувања во САД, кошаркарката и фудбалската лига најавија пауза од најмалку 30 дена. Бејзбол лигата објави дека сезоната ќе започне две седмици подоцна отколку што се очекуваше, на 9-ти април, но сега се чини дека имајќи го предвид тринеделниот пролетен тренинг период, нема да започен пред 1-ви јуни.