Во САД погубени двајца осуденици на смрт во една ноќ

Американската сојузна држава Арканзас во понеделникот ноќта погубила двајца осуденици на смртна казна, што е првото двојно погубување во една ноќ во САД од 2000 година.

Педест и двегодишниот Џек Џонс и 46-годишниот Марсел Вилијамс се осудени на смртни казни кон средината на 1990-те години поради одвоени случаи на убистава, силувања и обиди за убиства.

Двајцата се меѓу осумтемина осуденици на смрт кои Арканзас имаше намера да ги погуби во само 11 денови, бидејќи истекува рокот за употреба на државните резерви од мидазолам, седативот кој се користи во смртоносните инекции. Тоа предизвика големи протести на противниците на смртната казна и активистите за човекови права.

Адвокатите на осудениците не успеаја со правни средства да ги спречат погубувањата.

Првиот од осумте осуденици беше погубен кон крајот на минатата седмица, а следното извршување на смртната казна е закажано за четврток.