
Поради арктичкиот студ многу делови на САД и Канада беа постудени отколку површината на Марс и во цела Канада и сите американски држави, температурите беа под нула.
Во Чикаго било толку студено поради што поларната мечка од зоолошката градина „Линколн“ е префрлена во затворен простор за да се загрее.
Но, најопасниот студ, од кој што за минута настанува замрзнување, а смртта настапува во рок од неколку часа, го погоди Средниот запад откако поларната струја донесе студен воздуг од Арктикот.
Училиштата, фирмите и зградите на државната администрација се затворени. Водоводните цевки се замрзнати, авионите не летаат, возовите се запренни, а патиштата и тротоарите се замрзнати.